| четврток, 6 декември 2018 |

АХВ одлучи: Забранет увоз на пилешко месо и јајца од Холандија, Германија и Велика Британија

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука и времено го забрани увозот на пратки од живина и производи од живинско месо, вклучително и јајца по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија.

Ваквата одлука, како што информира попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство, е донесена како превентивна мерка за заштита од пренесување на болеста птичји грип во Република Македонија.

– Во рамки на надзорот од досега анализираните примероци од угинати или заловени диви птици, живина држена во екстензивни и интензивни услови во изминатите години не е утврдено присуството на болеста во Република Македонија, а истата не е пријавена ниту во регионот, се наведува во соопштението од АХВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top