Лекарот Мартин Салиа е втората жртва која почина од ебола во САД. Салиа почина утрово во пет часот, соопшти портпаролот на „Небраска Медисин“, Тејлор Вилсон.
Салиа, државјанин на САД, работел во Западна Африка каде што се заразил со вирусот. Во медицинскиот центар во Омаха тој беше донесен во саботата.
Болницата објави на Твитер дека лекарот бил во „исклучителна критична состојба“, кога стигнал на лекување и оти „наспроти тоа што ги вложиле сите напори, не можеле да го спасат“.
Салиа имал напредни симптоми на ебола, му откажале бубрезите и респираторните органи, изјавија лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.