Парите можат да купат среќа, но само доколку тие ни даваат можност да живееме поудобно. Со исклучок на тоа,нашата благосостојба не е поврзано со дополнителна сума на пари, освен ако не се трошат за подобрување на односите со другите луѓе или не е поврзано со добротворни цели.
Иан Робертсон, професор по психологија на Тринити Колеџ Даблин вели:
– Ако приоритетот во нашите животи е стекнување на материјални нешта, тоа ќе не направи несреќни. Секогаш има некој побогат, поубав и попаметен од нас. Малите нешта се оние кои не прават среќни. Се разбира среќата доаѓа полесно кај едни отколку кај други, некои едноставно се родени под среќна ѕвезда.
Научниците сметаат дека генетиката претставува 50% од нашата способност да бидеме среќни, а романтичниот статус само 10%. Тоа значи дека цели 40% од нашата способност да бидеме среќни е целосно под наша конрола.
Еве 10 лесни техники со кои да поработиме на овие 40% и да станеме посреќни
1. Проширете ги социјалните контакти.
Луѓето кои имаат силна врска со семејството и пријателите живеат среќно, тие се поздрави и живеат подолго. Овие односи го стимулираат чувството на самопочитта и дејствуваат како амортизери против штетните ефекти на неизбежните падови и неуспеси во животот.
2. Помагајте им на другите
Добрите дела не тераат да се чувствуваме исполнето, луѓето кои доброволно постојано се грижат за другите, се посреќни од оние кои не го прават тоа. Само погледнете го колегата , пријателот, соученикот кој во моментов се бори со нешто и му помогнете му.
3. Живејте за моментот
Вежбите за внимателност, менталната состојба на опуштена информираност на сегашниот момент – тоа е моќно средство за доживување на среќата. Тоа не е за секого, но може да биде постигнато само ако излеземе од вртлогот на секојдневниот живот.
– Да застанеме и да уживаме во природата на пример. Да погледнеме некој цвет во паркот или едноставно да седнеме и да не правиме ништо и да се обидеме да уживаме во тој момент, вели Робертсон.
4. Размрдајте се
Да бидеме активни е корисно не само за физичкото здравје, исто така може да го подобри и вашето расположение. Обидете се да бидете повеќе активни, барем три пати неделно – одете пеш или возете велосипед наместо да возите автомобил, симнувајте се по скали, наместо да користите лифт.
5. Стекнување нова вештина
Не е потребно да се здобиете со нова професионална квалификација, за да добиете чувство за постигнувањето и самодовербата што доаѓа од тоа. Новите вештини не се поврзани нужно со учење на универзитет или школа. Обидете се да научите нешто ново, без разлика дали е поврзано со готвење, пеење или нов спорт.
6. Поставете си мали цели
Поставувањето на реални цели не мотивира и не тера да чувствуваме задоволство кога ќе ги постигнеме. Иан Робертсон препорачува да се започне со нешто мало како станување 5 минути порано наутро, за да одиме пеш.
7. Научете да им простувате на луѓето
Една будистичка поговорка гласи: „Да си гневен долго е како да фатиш топол јаглен за да ги фрлиш во некој друг, ти си оној кој добива изгореници“.
Истражувањата покажуваат дека оваа поговорка е вистина, ако им простуваме на луѓето е помалку веројатно да чувствуваме омраза, депресија, непријателство, вознемиреност или да сме лути.
8. Немојте да се претворате во најлош критичар
Престанете да размислувате за празнините и да се споредувате со другите луѓе. Научете да се концентрирате на своите квалитети и да бидете мили кон себе, дури и кога работите не одат според планот.
9. Бидете дел од нешто поголемо од вас
Среќните луѓе наоѓаат смисла и цел во животот, како на пример работа која има големо значење за светот или игра важна улога во нивната околина. Без разлика дали наоѓате смисол во грижата за семејството или во религијата, чувството на припадност може да го победи стресот и анксиозноста.
10. Бидете благодарни
Тоа звучи како клише, но науката покажува дека луѓето кои се чувствуваат благодарни се весели. Дури само во еден момент да си кажеме едноставно: колку убав разговор,колку прекрасно кафе, што убаво место за дружење, исто така ќе заврши работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст