| четврток, 6 декември 2018 |

Завршена истрага: Семејството на Дениса ги доби резултатите

„Министерството за здравство денеска ги доби резултатите од иследувањата на Институтот за судска медицина во врска со случајот „Дениса Маркоска“, и за тоа го извести семејството. Заради заштита на приватноста и почит кон семејството, оставаме на семејството да реши дали за резултатите ќе биде информирана јавноста“, стои во соопштението, кое денеска го објави Министерството за зравство.

Извори од семејството велат дека и анализата на македонските вештаци потврдила дека станува збор за телото на Дениса. Како настапила смртта сè уште нема точни информации.

Прилепчанката пред два месецa исчезна од бродот „Серенисима“ на кој работеше како персонал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top