| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се регистрираат одгледувалиштата и продавниците за домашни миленици

 миленици

 Ќе се регистрираат одгледувалиштата и прoдавниците за домашни миленици, најави денеска Агенцијата за храна и за ветеринарство (АХВ).

Како што информира директорот Зоран Поповски на средба со новинарите, регистрацијата е во насока на воспоставување одговорно сопствеништво, а ќе почне во втората половина на идната година, по изработување соодветни правилници.

Огледувалиштата и продавниците ќе треба да поднесат барања за регистрација најдоцна до ноември 2015 година.

– Со предвидената регистрација во согласно со Законот за заштита и благосостојба на животните, ќе се подигне одговорноста и свесноста кај лицата кои чуваат миленичиња и ќе се намали бројот на кучињата-скитници зашто ќе се санкционира секој што ќе го остави своето домашно милениче – нагласи Поповски.

На домашните миленици ќе им бидат инсертирани микрочипови и тие ќе бидат регистрирани во официјалните ветеринарни друштва.

Казните за непочитување на законските обврски ќе се движат од 150 евра за физички лица, до 250 за одговорните и 500 евра за правните лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top