Полицијата воведува ново сообраќајно правило. Место досегашните 60 километри на час, максималната брзина на движење на возилата низ сообраќајниците во урбаните средини ќе изнесува 50 километри на час, велат од МВР.
Ова се предвидува со измените на законот за безбедност во патниот сообраќај, кој е изработен и треба да се најде во собраниска процедура.
– Ограничувањето на брзината, како и казнената политика во новиот закон за безбедност во патниот сообраќај останува иста, единствена промена има во максималната брзина на движење во урбани средини, каде што максималната дозволена брзина изнесува 50 километри на час, во согласност со европска практика – велат од МВР.
Според нив, ова е најголемата и единствена измена во законот за безбедност во сообраќајот во делот на ограничувањата на брзината на патиштата. Оваа измена е заснована на препораките и на искуствата на најголемиот дел од земјите–членки на ЕУ, кои од поодамна го имаат воведено лимитот од 50 километри на час во градските средини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.