| четврток, 6 декември 2018 |

Жак Огар: Ме повреди тоа што бевме на погрешната страна

Ко­га доз­нав де­ка бун­тов­ни­ци­те на ОВК на­па­ѓа­ат ци­ви­ли што го на­пу­штаа Пеќ, ис­пра­тив хе­ли­коп­тер со на­ред­ба да ис­пу­ка­ат ра­фа­ли за пре­ду­пре­ду­ва­ње. Са­мо не­кол­ку ми­ну­ти по­доц­на, ми се ја­ви ге­не­рал Меј­сон и ме пра­ша зо­што пу­ка­ме на не­го­ви­те вој­ни­ци. Му од­го­во­рив де­ка за ме­не е не­сфат­ли­во оти не­го­ви­те спе­ци­јал­ци се за­ед­но со тие бан­ди­ти кои пу­ка­ат на ци­ви­ли. Тој са­мо мол­че­ше, рас­ка­жа Огар

Ко­ман­дан­тот на фран­цу­ски­те спе­ци­јал­ни еди­ни­ци под бри­тан­ска упра­ва, пре­ка­лен па­до­бра­нец во Ле­ги­ја на стран­ци­те, Жак Огар, го ис­пе­кол вој­нич­ки­от за­на­ет во Афри­ка, но искус­тво­то од Ко­со­во ко­ре­ни­то му ја про­ме­ни­ло суд­би­на­та. Тој до­па­ту­ва во Бел­град за Са­е­мот на кни­га и ја прет­ста­ви сво­ја­та кни­га „Евро­па умре во При­шти­на“, ко­ја пре­диз­ви­ка огро­мен ин­те­рес. Сми­рен, вој­нич­ки воз­др­жан и искрен со при­сут­ни­те, Огар рас­ка­жа мош­не не­о­бич­ни случ­ки од су­ро­ва­та ре­ал­ност на те­ре­нот и не­го­ва­та рас­трг­на­тост ме­ѓу пре­дра­су­ди­те кои вла­де­е­ле вна­тре во не­го­ва­та ко­а­ли­ци­ја и го­ли­те фа­кти, ме­ѓу це­ли­те на НА­ТО и ЕУ и при­ја­телс­тво­то ме­ѓу Фран­ци­ја и Ср­би­ја.

Kultura114-Zak-Ogar-2

– Са­мо два де­на бев­ме на Ко­со­во ко­га при­мив­ме по­вик за по­мош од ма­на­сти­рот „Де­вич“, ка­де што се­стри­те беа на­пад­на­ти од при­пад­ни­ци­те на ОВК. Прет­ход­но игу­ме­ни­ја­та на ма­на­сти­рот „Со­ко­ли­ца“, мај­ка­та Ма­ка­ри­ја, ба­ра­ше по­мош од Бри­тан­ци­те, но тие ја од­би­ја. Мо­и­те спе­ци­јал­ци ја пре­зе­доа за­шти­та­та на ма­на­сти­рот. Ко­га са­кав­ме да ја раз­о­ру­жи­ме ОВК, тие од­го­во­ри­ја со оган, а ние воз­вра­тив­ме. Има­ше и мр­тви и ра­не­ти на нив­на стра­на – ве­ли Огар, кој е два­на­е­сет­та ге­не­ра­ци­ја вој­ник во се­мејс­тво­то Огар.

Вос­пи­тан во вој­нич­ки дух, обу­чу­ван во Ле­ги­ја на стран­ци­те, Огар во те­кот на кра­тки­от пре­стој на Ко­со­во по­ве­ќе па­ти му се спро­тив­ста­вил на на­дре­де­ни­от офи­цер, анг­ли­ски­от ге­не­рал Меј­сон.

– Ста­нав не­гов кош­мар. Ко­га доз­нав де­ка бун­тов­ни­ци­те на ОВК на­па­ѓа­ат ци­ви­ли кои го на­пу­штаа Пеќ, ис­пра­тив хе­ли­коп­тер со на­ред­ба да ис­пу­ка­ат ра­фа­ли за пре­ду­пре­ду­ва­ње. Са­мо не­кол­ку ми­ну­ти по­доц­на ми се ја­ви ге­не­рал Меј­сон и ме пра­ша зо­што пу­ка­ме на не­го­ви­те вој­ни­ци. Му од­го­во­рив де­ка за ме­не е не­сфат­ли­во оти не­го­ви­те спе­ци­јал­ци се за­ед­но со тие бан­ди­ти кои пу­ка­ат на ци­ви­ли. Тој са­мо мол­че­ше – рас­ка­жа Огар.

Кни­га­та е нас­ло­ве­на „Евро­па умре во При­шти­на“ и авто­рот ве­ли де­ка ѝ го дал ток­му тој нас­лов ка­ко сво­е­ви­ден од­го­вор на из­ја­ва­та на Бер­нар Куш­нер, кој ко­га бе­ше име­ну­ван за шеф на УН­МИК из­ја­ви де­ка Евро­па се ро­ди­ла во При­шти­на. Пол­ков­ни­кот не­ма ви­со­ко мис­ле­ње за не­го.

– Истра­га­та за тр­го­ви­ја со ор­га­ни од кид­на­пи­ра­ни­те Ср­би сè уште не е за­тво­ре­на и мис­лам де­ка по­ра­ди тоа не се за­гри­же­ни са­мо не­кои Ал­бан­ци од Ко­со­во, ту­ку и не­кои Фран­цу­зи. Кон­крет­но, мис­лам на Куш­нер – ве­ли Огар.

На пра­ша­ње­то што ќе се слу­чи со Ко­со­во, тој не­ма оп­ти­ми­стич­ки од­го­вор.

– Са­мо­стој­но не­ма да мо­же да оп­ста­не. Или ќе ѝ се вра­ти на Ср­би­ја или ќе ѝ се при­дру­жи на Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, она­ква ка­к­ва што ја ви­дов­ме на кар­та­та во те­кот на не­о­дам­неш­ни­от фуд­бал­ски нат­пре­вар во Бел­град. Но, та­ква Ал­ба­ни­ја ќе би­де ефе­мер­на. Ср­би­те ни­ко­гаш не­ма да се по­ми­рат со трај­но гу­бе­ње на сво­ја­та исто­ри­ска, кул­тур­на и ду­хов­на ко­ле­вка. Ако не­ка­де има­те мно­зин­ско на­се­ле­ние, не зна­чи де­ка тоа е ва­ша зем­ја. Це­ла­та исто­ри­ја на Ко­со­во и Ме­то­хи­ја е впи­ша­на во не­го­ви­от ка­мен. Тоа би би­ло ка­ко Сен Де­ни со не­кро­по­ла­та на фран­цу­ски­те кра­ле­ви да ста­не не­за­ви­сен за­тоа што та­му жи­ве­ат го­лем број мус­ли­ма­ни, па уште и да нè бом­бар­ди­ра­ат по­ра­ди тоа – ве­ли Огар.

Во­да­чот на фран­цу­ски­те спе­ци­јал­ни опе­ра­тив­ни си­ли во офи­ци­јал­на­та ми­си­ја за­ед­но со сво­ја­та елит­на еди­ни­ца на Ко­со­во бил вкуп­но пет­на­е­сет де­на, од пот­пи­шу­ва­ње­то на Ку­ма­нов­ски­от до­го­вор до до­а­ѓа­ње­то на ре­дов­ни­те ми­ров­ни си­ли, но со­се­ма до­вол­но за да стек­не впе­ча­ток што се слу­чу­ва­ло та­му.

– Со срп­ски­те офи­це­ри пре­го­ва­рав за влез на фран­цу­ски­те тру­пи. До­че­кот, се раз­би­ра, бе­ше мош­не сту­ден, но кул­ту­рен. Ре­ков де­ка не до­а­ѓам ка­ко не­при­ја­тел, ту­ку ка­ко вој­ник кој ја из­вр­шу­ва сво­ја­та за­да­ча. Мно­гу бр­гу открив де­ка Ср­би­те на те­ре­нот се мош­не про­фе­си­о­нал­ни и де­ка се др­жат до да­де­ни­от збор, а Ал­бан­ци­те по­сто­ја­но се оби­ду­ва­ат да го из­бег­нат до­го­во­ре­но­то – рас­ка­жа Огар.

Kultura114-Zak-Ogar-3

За не­го тоа што ОВК би­ла при­ви­ле­ги­ран со­го­вор­ник на ЕУ прет­ста­ву­ва искри­ву­ва­ње на исто­ри­ја­та и кр­ше­ње на ме­ѓу­на­род­но­то пра­во.

– ОВК од­зе­ма­ше имот, праз­не­ше це­ли гра­до­ви за ед­на ноќ, а, на при­мер, во Ву­чи­трн, уби­ваа… Се на­де­вам де­ка на­ско­ро нив­ни­те во­да­чи ќе од­го­ва­ра­ат пред прав­да­та. Открив­ме ли­ста со на­ред­би за ли­кви­да­ци­ја на Ср­би и не­ло­јал­ни Ал­бан­ци со пе­чат од ОВК. Ги пре­да­дов­ме до­ку­мен­ти­те на прет­по­ста­ве­ни­те, но ни­ко­гаш по­ве­ќе не слуш­нав­ме ни­што за тоа. Тоа што ОВК бе­ше при­ви­ле­ги­ран со­го­вор­ник на ЕУ прет­ста­ву­ва кр­ше­ње на ме­ѓу­на­род­но­то пра­во и вра­ќа­ње на­зад на ци­ви­ли­зи­ра­ни­от свет – сме­та Жак.

Тој лич­но ја на­цр­тал но­ва­та кар­та во овој дел од Бал­ка­нот.

– Ко­га стиг­нав­ме во Ко­сов­ска Ми­тро­ви­ца, по­сто­е­ше го­лем и оправ­дан ри­зик од су­ди­ри. Тен­зи­ја­та бе­ше го­ле­ма, а си­ту­а­ци­ја­та ит­на. Мо­ја­та за­да­ча бе­ше да ги разд­во­јам спро­тив­ста­ве­ни­те стра­ни и по­дел­ба­та со ре­ка­та Ибар ми се чи­не­ше ка­ко нај­до­бро ре­ше­ние. Од­лу­чив две­те за­ед­ни­ци да ги раз­де­лам на мо­стот.

Не­мал ни­ка­кви су­ге­стии во вр­ска со тоа.

– Од­лу­ка­та ја до­не­сов сам, врз ос­но­ва на сопс­тве­на­та про­це­на. Не­ко­гаш ра­бо­ти­те на те­рен се од­ви­ва­ат мно­гу по­лес­но откол­ку што се мис­ли – уве­ру­ва Огар.

Жак Огар се пен­зи­о­ни­ра пред­вре­ме и ја на­пу­шта вој­ска­та во 2000 го­ди­на по­ра­ди Ко­со­во. Тоа би­ло не­го­ва од­лу­ка, но по­доц­на сфа­тил де­ка со не­го­во­то за­ми­ну­ва­ње на мно­гу­ми­на им пад­нал ка­мен од ср­це­то.

– Мно­гу ме по­вре­ди тоа што бев­ме на по­греш­на­та стра­на – ве­ли тој.

Во ме­ѓу­вре­ме, ос­но­вал прет­при­ја­тие за стра­те­ги­ско и без­бед­нос­но со­ве­ту­ва­ње на фран­цу­ски­те фир­ми во све­тот.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 114. број на неделникот „Република“, 7.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top