| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуиран дел од британскиот парламент

655-402-portkylis-haus-velikobritaniia-parlament-london

Дел од британскиот парламент бил евакуиран поради сомнителен пакет, соопштува портпаролката на лондонската полиција.

Евакуирана е зградата „Порткалис хаус“, каде што се канцелариите на пратениците, работните простории на комисиите и рестораните. Таа се наоѓа над метростаницата „Вестминстер“, која, исто така, е затворена од полицијата.

Полицајци со мотоцикли го блокирале и движењето по улицата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top