Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања во рок од 15 дена треба да закаже седница на која ќе го разгледа извештајот за отсуствата на пратениците од овој состав на парламентот. Извештајот за отсуствата на народните избраници, побаран минатиот понеделник, генералниот секретар Жарко Денковски денеска го достави на координативната средба на која присуствуваа поретседателот на Собранието Трајко Вељаноски, потпретседателите и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.
Предлог-заклучокот што ќе произлезе од Комисијата за мандатно -имунитетни прашања ќе биде доставен до претседателот на Собранието, кој, пак, како точка на дневен ред треба да ја стави на првата закажана наредна седница.
Не се соопштуваат други детали од денешната координација во Собранието. Засега, исто така, нема информација кога извештајот ќе и биде доставен на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања ниту, пак, кога ќе биде закажана седницата.
Извештајот за присустноста на пратениците беше побаран откако на 10 овој месец истекоа шест месеци од верификацијата на 34 мандати на пратениците од опозицијата од страна на Собранието. Само три пратенички од 34 народни избраници се вклучија во работата на Собранието и се спротиставија на ставот на опозицијата за бојкот на Парламентот. СДСМ и помалите опозициски партии се изјаснија дека не се враќаат во парламентот.
Собранието може да одземе мандат на пратеник, кој неоправдано отсуствувал од неговата работа шест месеци само со двотретинско мнозинство. Се очекува извештајот да покаже исто така колкумина од пратениците не доаѓаат на своите работни места, а се водат како оправдано отсустни.
Доколку се случи во Собранието да не се вратат пратениците од опозицијата или, пак, тоа да се случи делумно, за испразнетите места ќе мора да се организираат делумни избори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Почнува собраниската расправа околу ребалансот на Буџетот