| четврток, 6 декември 2018 |

Трансплантацијата на пенис ќе биде возможна најдоцна за 5 години

transplantaciqta-na-penis-stava-vyzmojna-do-5-godini-268393

Научниците од Универзитетот во Северна Каролина, предводени од Ентони Аталај, уверуваат дека нивните експерименти веќе влегуваат во завршна фаза и најдоцна за пет години ќе има трансплантација на пенис.

Експериментите со зајаци се започнати уште во 1990 година во институтот „Остров Вејк Форест“. Многу мажи го губат пенисот поради генитални дефекти, повреди или поради агресивна форма на рак. Засега единственото лекување предвидува реконструкција на пенисот, земајќи кожа и мускулно ткиво од нивната рака. Сексуалната функција може да биде обновена со специјална протеза. Но, во овој случај пациентите се постојано во полуерекција. Другата опција е трансплантација на пенис од друг човек, но таа е со ризик од имунолошко отфрлање. Екипата на д- р Аталај има намера да се осврне на постоечките слабости, така што развива технологија со која се користат клетките на самиот пациент.

– Фалусот е многу подолг отколку што мислиме и во него може да се најдат клетки за обновување – вели д- р Аталај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top