| четврток, 6 декември 2018 |

Едно лице го загуби животот во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

сообраќајка

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на регионалниот пат Штип – Радовиш, кај месноста викана Шести километар.

Според првичните информации, загинат е совозачот на автомобил „форд“, додека возачот е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Штип.

„Фордот“ излетал од коловозот при што директно удрило во едно дрво покрај патот. Совесниот возач Коле Колев околу 8 часот и 45 минути го забележал возилото покрај патот по што веднаш повикал Итна медицинска помош и противпожарна единица.

Во тек е увидот од страна на јавен обвинител и на крим-техника.

Командирот на Противпожарната единица Кирчо Патраклиев вели дека пожарникарите веднаш го извадиле живиот возач по што Итната медицинска помош веднаш го хоспитализирала.

Сообраќајот на регионалниот Штип – Радовиш се одвива во една лента и сообраќајната полиција го регулира сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top