Агенцијата за храна и ветеринарство до крајот на денот ќе соопшти дали ќе воведе забрана за увоз на пилешко месо од Холандија. Како што соопшти директорот на Агенцијата Зоран Поповски на средба со новинарите, по вчерашната објава за појава на нов вид птичји грип во оваа земја, Македонија будно ја следи состојбата, но и препораките од Европската комисија.
– Ќе ги преземеме сите неопходни мерки, има план за постапување со авијарна инфлуенца. Попладнево ќе се знае сигурно дали ќе воведеме забрана за увоз на пилешко месо од Холандија. Најпрво ќе ги почекаме препораките од ЕК што треба да бидат донесени денеска – рече Поповски.
Вчера на една фарма во селото Хекендорп, централна Холандија, откриен е високо патоген вид на птичји грип смртоносен за живината, а од него, како што информираа холандските власти, може да се заразат и луѓето. Веднаш е воведена привремена забрана за транспорт на живина во радиус од еден километар околу сите живинарски фарми во Холандија.
Денеска се очекува Европската комисија да донесе одлука за итни времени превентивни мерки кои ќе ги опфаќаат зоните означени од холандските власти во кои се наоѓаат живинарските фарми од кои ќе биде забранета продажба на секакви пилешки производи во други земји-членки на ЕУ и во трети земји.
Холандија во 2003 година беше погодена од вирусот Х7Н7 на птичјиот грип и тогаш беа уништени 30 милиони птици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Штеф Блок до Никола Димитров: Политиката на Холандија е строга, но фер!
-
Полицијата во Холандија заплени повеќе од еден тон кокаин
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно