Трендот на имитирање на сексапилното самофотографирање на славните личности, како Ким Кардашијан е опасно за девојките, предупредуваат стручњаците.
Кардашијан објавува експицитни фотографии, а тоа ги поттикнува младите девојки да се однесуваат како неа. Таквите фотографии се појавуваат на интернет и се зголемува опасноста од насилство.
Назир Афзал, главниот обвинител за северозападна Англија, изјави дека славните личности како Кардашијан со своето однесување, за жал, им се репер за однесување на тинејџерките.
Рег Бајли од Унијата на мајки изјави дека поставување сексистички фотографии на тинејџери станува нормална појава и тоа треба да нè загрижи.
– Реалноста е дека сè помлади деца се изложени на однесувањето на познатите, а за тоа доказ се фотографиите на Кардашијан објавени пред некој ден. Познатите личности им се пример за модел на однесување и тие ги имитираат. Но, се случува малолетни да постираат голи фотографии, што е многу опасно бидејќи тие фотографии може да се најдат на порнографските страници – изјави Афзал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.