На денешната координативна средба во Собранието на Македонија, генералниот секретар треба да го достави извештајот за редовноста на пратениците.
Се очекува претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи да го достават извештајот до Комисијата за мандатно – имунитетни прашања, која во рок од 15 дена треба да донесе заклучок и да предложи тој да биде ставен на дневен ред на собраниска седница.
На 10 ноември истекоа шесте месеци од верификацијата на 34 мандати на пратениците од опозицијата од страна на Собранието.
Само три пратенички од 34 се вклучија во работата на Собранието. Мандат на пратеник може да се одземе со двотретинско мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Почнува собраниската расправа околу ребалансот на Буџетот