| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Драган Ѓорѓев: Скопје и Тетово 200 дена во годината се загадени

За­га­де­но­ста на воз­ду­хот во скоп­ски­те оп­шти­ни Ли­си­че и Цен­тар, ка­ко и во Те­то­во, Би­то­ла, Ки­че­во е мно­гу ви­со­ка. Ме­ре­ња­та на Ми­ни­стерс­тво­то за жи­вот­на сре­ди­на и за про­стор­но пла­ни­ра­ње по­ка­жу­ва­ат при­сус­тво на кан­це­ро­ге­ни­те че­стич­ки ПМ10 и тие се­којд­нев­но из­ле­гу­ва­ат со пре­по­ра­ки до гра­ѓа­ни­те ка­ко да се од­не­су­ва­ат

2

Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја во 2013 го­ди­на ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то со че­стич­ки­ го прог­ла­си за кан­це­ро­ге­но. Кол­кав пер­и­од од го­ди­на­та има за­га­ду­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја?

ЃОР­ЃЕВ: Дол­го вре­меае­ро­за­га­ду­ва­ње­то се вр­зу­ва­ше за бо­ле­сти, по­мал­ку за ма­лиг­ни бо­ле­сти, освен ако не­ма не­кој то­кси­чен еле­мент во ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. Се­га, ова оп­што ае­ро­за­га­ду­ва­ње од че­стич­ки, кое го има­ме и ние, ве­ќе е прог­ла­се­но за кан­це­ро­ге­но, по­себ­но по­ра­ди пол­не­жот на че­стич­ки­те што има­ат кан­це­ро­ген по­тен­ци­јал. Тоа би тре­ба­ло да би­де уште еден знак по­ве­ќе за нас да ги сле­ди­ме со­стој­би­те и евен­ту­ал­но да ги пре­ве­ни­ра­ме. Во пос­лед­ни­те го­ди­ни бро­јот на де­но­ви во кои се над­ми­ну­ва про­сеч­на­та доз­во­ле­на кон­цен­тра­ци­ја е мно­гу по­го­лем од нор­ма­та. Спо­ред нор­ма­та, доз­во­ле­ни се 35 де­на го­диш­но. Ние има­ме мер­ни ме­ста во Скоп­је, Те­то­во, ка­де што ре­чи­си це­ла го­ди­на, или 200 де­на во го­ди­на­та, кон­цен­тра­ци­и­те се над доз­во­ле­ни­те ни­воа. Тоа е го­лем аларм и се­ри­оз­но пре­ду­пре­ду­ва­ње за пре­зе­ма­ње ит­ни мер­ки.

 

Кои се та­ка­на­ре­че­ни­те „же­шки точ­ки“ на за­га­ду­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја?

ЃОР­ЃЕВ: Фо­ку­сот е во Скоп­је би­деј­ќи ту­ка има го­ле­ма кон­цен­тра­ци­ја на на­се­ле­ние што ра­бо­ти. Ге­о­граф­ски, по­лож­ба­та на Скоп­је е нез­год­на. Ако ја пог­лед­не­те мре­жа­та на мер­ни­те ста­ни­ци и ги ви­ди­те на­о­ди­те, ќе ви­ди­те де­ка Те­то­во по­ве­ќе од две го­ди­ни прет­ста­ву­ва ви­со­ко­за­га­ден град, по­тоа Ка­ва­дар­ци, кој оваа го­ди­на по­ка­жу­ва ви­со­ки кон­цен­тра­ции и тоа се вр­зу­ва со ин­ду­стри­ски­те комп­ле­кси, Би­то­ла, кој има се­ри­о­зен за­га­ду­вач, па и во­о­би­ча­е­ни­те град­ски за­га­ду­ва­чи. Си­те овие гра­до­ви има­ат ком­би­на­ци­ја на оп­што ае­ро­за­га­ду­ва­ње што до­а­ѓа од со­о­бра­ќа­јот, гра­деж­ни­те актив­но­сти, гре­е­ње­то, ка­ко и од ин­ду­стри­ја­та, што јас­но се раз­ли­ку­ва од град во град, во за­вис­ност од тоа за ко­ја ин­ду­стри­ја ста­ну­ва збор.

 

Пос­ле­ди­ци­те од ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то се чув­ству­ва­ат по­доц­на. Ка­ко се ма­ни­фе­сти­ра­ат?

ЃОР­ЃЕВ: Пос­ле­ди­ци­те се акут­ни и хро­нич­ни. Ако до­а­ѓа­ат од го­ле­мо за­га­ду­ва­ње мо­же да би­дат акут­ни, но по­ве­ќе се ра­бо­ти за хро­нич­ни бо­ле­сти. Чо­веч­ки­от ор­га­ни­зам не ре­а­ги­ра вед­наш на ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, освен ако не­ма ин­ци­дент­на си­ту­а­ци­ја. Пр­ви стра­да­ат бе­ли­те дро­бо­ви, од­нос­но гор­ни­от и дол­ни­от рес­пи­ра­то­рен си­стем. Ако се тоа ма­ли че­стич­ки, тие до­а­ѓа­ат до нај­ма­ли­те диш­ни па­ти­шта и до­а­ѓа до вос­па­лу­ва­ње, до на­ма­лен ви­та­лен ка­па­ци­тет на бе­ли­те дро­бо­ви. Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жаа де­ка не ре­а­ги­ра­ат са­мо бе­ли­те дро­бо­ви на ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. Во пос­лед­но вре­ме и кар­ди­о­ва­ску­лар­ни­те бо­ле­сти, ду­ри и ар­те­ри­оск­ле­ро­за­та ја вр­зу­ва­ат со ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, т.е. овие че­стич­ки мо­же да пре­диз­ви­ка­ат стес­ну­ва­ње­то на крв­ни­те са­до­ви. И ко­га ќе зе­ме­те та­кви два клуч­ни си­сте­ма, рес­пи­ра­тор­ни­от и кар­ди­о­ва­ску­а­лр­ни­от, то­гаш ре­чи­си це­ли­от ор­га­ни­зам стра­да. Мож­ни се мо­зоч­ни уда­ри, ср­це­ви ин­фар­кти. Ре­а­ги­ра­ат по­ста­ри­те ли­ца, та­ка што има це­ла па­ле­та ре­ак­ции. Оп­стру­ктив­ни­те брон­хи­ти и аст­ма­та се вло­шу­ва­ат и кај мла­ди­те и кај ста­ри­те.

1

Ка­ко уби­ва воз­ду­хот? Да­ли ор­га­низ­мот се пре­оп­то­ва­ру­ва од по­сто­ја­но пре­ку­мер­но за­га­ду­ва­ње?

ЃОР­ЃЕВ: Ка­ко и се­кој еко­ло­шки ха­зард, воз­ду­хот ги за­се­га чув­стви­тел­ни­те гру­пи. Де­ца­та сѐ уште има­ат не­раз­ви­ен од­бран­бен си­стем и тие ре­а­ги­ра­ат по­дра­ма­тич­но. Од дру­га стра­на се ста­ри­те ли­ца, ка­де што се пов­ле­ку­ва иму­но­ло­шки­от си­стем, од­нос­но ос­ла­бу­ва. Овие се две­те нај­ри­зич­ни гру­пи. Кај пр­ви­те има че­сти оп­стру­ктив­ни брон­хи­ти, а кај вто­ри­те има и по­че­сти смрт­ни слу­чаи. Уби­ва­ње­то, на не­кој на­чин, е ин­ди­рект­но. За Скоп­је и за гра­до­ви што жи­ве­ат под по­сто­ја­но ае­ро­за­га­ду­ва­ње е ти­пич­но тоа што лу­ѓе­то во кон­ти­ну­и­тет, 20-30 го­ди­ни се оп­то­ва­ре­ни од ае­ро­за­га­ду­ва­ње и се­ка­ко де­ка не­ма­ат иста от­пор­ност ка­ко лу­ѓе­то што не жи­ве­ат под та­ков то­вар. Тој то­вар во еден мо­мент ќе ја пре­лее ча­ша­та и ние тоа го ви­ка­ме фе­но­мен на сан­та мраз. Ние го гле­да­ме са­мо вр­вот на сан­та­та – бо­ле­сти­те и смрт­ни­те слу­чаи. Под тој врв уште мно­гу лу­ѓе стра­да­ат, диш­ни­те ка­па­ци­те­ти им се на­ма­ле­ни, сѐ уште тоа не е бо­лест, но ве­ќе при на­ред­ни­те го­ди­ни по­ле­ка ќе поч­не да се по­ја­ву­ва­ат бо­ле­сти и смрт­ни слу­чаи.

 

Ќе по­мог­не ли во­зе­ње­то пар-не­пар во на­ма­лу­ва­ње на за­га­ду­ва­ње­то?

ЃОР­ЃЕВ: Си­те гра­до­ви што стра­да­ат од ае­ро­за­га­ду­ва­ње до­не­су­ва­ат сет-мер­ки со кои евен­ту­ал­но мо­же да се на­ма­ли ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. Во Скоп­је со­о­бра­ќа­јот при­лич­но вли­јае за­тоа што фа­ктич­ки си­те во­зи­ла ги по­ви­кав­ме во гра­дот, ги про­ши­рив­ме ули­ци­те. Си­те во­зи­ла вле­гоа во гра­дот, не са­мо од Скоп­је, ту­ку и од дру­ги­те де­ло­ви на др­жа­ва­та. Во ра­бот­ни де­но­ви 60-70 про­цен­ти од во­зи­ла­та во др­жа­ва­та се во Скоп­је. Тоа е го­ле­ма кон­цен­тра­ци­ја, го­лем из­вор на за­га­ду­ва­ње би­деј­ќи по­стои го­ле­мо ша­ре­ни­ло во од­нос на стан­дар­ди­те на тие во­зи­ла. Европ­ски­те гра­до­ви се по­де­ле­ни во зо­ни и мис­лам де­ка та­ка тре­ба да се на­пра­ви и во Скоп­је. Во Лон­дон, на при­мер, не се доз­во­лу­ва влез во цен­та­рот. Ако са­ка­те да вле­зе­те, ќе пла­ти­те. Во­зи­ла­та што се ка­те­го­ри­зи­ра­ат со Еу­ро стан­дард 0, 1 или 2 не мо­же да вле­зат во гра­дот. Кај нас, од со­ци­ја­лен ас­пект, би би­ло те­шко да се до­не­сат та­кви мер­ки. Не мис­лам де­ка тоа дра­стич­но ќе ја на­ма­ли си­ту­а­ци­ја­та со ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. По­треб­ни се мно­гу по­е­нер­гич­ни мер­ки во од­нос на со­о­бра­ќа­јот. Мо­же­би по­дел­ба во зо­ни, да вле­гу­ва­ат, ус­лов­но ка­жа­но, по­чи­сти­те во­зи­ла, а тие што не­ма­ат та­кви стан­дар­ди, мо­же­би, да се суб­вен­ци­о­ни­ра­ат.

4

Спо­ред Вас, це­ли­от пер­и­од на греј­на се­зо­на е алар­мен­тен. Што дру­го мо­же да се на­пра­ви?

ЃОР­ЃЕВ: На ин­тра­се­ктор­ски­те ко­ми­те­ти се ди­ску­ти­ра за кра­тко­роч­ни и за дол­го­роч­ни мер­ки. Па­ле­та­та е ши­ро­ка. Поч­ну­ва со гра­ѓа­ни­нот, мо­же­би и за­вр­шу­ва со не­го. Се збо­ру­ва за мож­но­ста за ко­ри­сте­ње ја­вен пре­воз, или ба­рем по­ве­ќе лу­ѓе да се во­зат со ед­но во­зи­ло. Ло­жи­шта­та до­ма да би­дат енер­гет­ски ефи­кас­ни, иа­ко, мо­же­би, се ска­пи и ќе тре­ба по­мош од др­жа­ва­та. Се ди­ску­ти­ра де­ка и др­ва­та за огрев што се про­да­ва­ат во влаж­на фор­ма да­ва­ат по­го­ле­ма ко­ли­чи­на за­га­ду­ва­ње. Мно­гу е ва­жен и ур­ба­ни­стич­ки­от дел. Ур­ба­ни­те пла­не­ри мо­ра да зна­ат де­ка при пра­ве­ње­то на ур­ба­ни­стич­ки­те ре­ше­ни­ја мо­ра да се вклу­чи и еко­ло­шки­от мо­мент. Мо­ра да има зо­ни на зе­ле­ни­ло, кое ќе го ап­сор­би­ра­ат или ба­рем ќе го на­ма­лат ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. Има по­себ­ни хор­ти­кул­тур­ни фор­ми со ши­ро­ки лис­ни по­вр­ши­ни, кои мо­же да ап­сор­би­ра­ат ае­ро­за­га­ду­ва­ње. Мно­гу се важ­ни ур­ба­ни­стич­ки­те мер­ки, кон­тро­ла­та на гра­деж­ни­те актив­но­сти што еми­ти­ра­ат го­ле­ми ко­ли­чи­ни прав и, се­ка­ко, га­си­фи­ка­ци­ја­та, ка­ко не­кое ид­но ре­ше­ние, кое си­те го че­ка­ме од еко­ло­шки ас­пект. Се збо­ру­ва и за ин­ду­стри­ски­те ка­па­ци­те­ти со кои се во­ди бор­ба за да ги на­ба­ват тие фил­три што се не­оп­ход­ни. До­де­ка не се пре­зе­мат син­хро­ни­зи­ра­но си­те мер­ки, не оче­ку­вам го­ле­мо на­ма­лу­ва­ње, по­себ­но што Скоп­је, па и дру­ги­те гра­до­ви се во кот­ли­на, ка­де што ду­ри и да не­ма ае­ро­за­га­ду­ва­ње, че­сто се соз­да­ва­ат ус­ло­ви за ае­ро­за­га­ду­ва­ње.

 

Целиот разговор во видеото на Република ТВ.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Игор Ан­ге­лов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top