| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска освои бод во Италија, навивачите неколку пати го прекинаа натпреварот (видео)

Репрезентацијата на Хрватска синоќа успеа да освои бод на гостувањето во Милано кај Италија. Натпреварот заврши 1:1, а белег му дадоа гостинските навивачи кои неколку пати го принудија судијата да го прекинува натпреварот откако фрлаа пиротехнички средства.

Италијанската полиција ги исфрли од трибините проблематичните навивачи.

Серијата изненадувања од претходните два дена ја продолжи Малта, која во Софија остана непоразен во дуелот со Бугарија.

Резултати од синоќешните девет натпревари:

Група А: Чешка – Исланд 2:1, Холандија – Летонија 6:0, Турција – Казахстан 3:1.

Табела: Чешка 12 бода, Исланд 9, Холандија 6, Турција 4, Летонија 2, Казахстан 1.

Група Б: Белгија – Велс 0:0, Кипар – Андора 5:0, Израел – Босна и Херцеговина 3:0.

Табела: Израел 9, Велс 8, Кипар 6, Белгија 5, Босна и Херцеговина 2, Андора 0.

Група Х: Италија – Хрватска 1:1, Бугарија – Малта 1:1, Азербејџан – Норвешка 0:1.

Табела: Хрватска 10 бодови, Италија 10, Норвешка 9, Бугарија 4, Малта 1, Азербејџан 0.

Следното, петто коло се игра во март 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top