Дваесетгодишно момче Џ.М. од селото Батинци го возел џипот „фолксваген туарег“ со којшто беше прегазено шеснаесетгодишното момче И.Б. од Скопје, соопшти МВР. Во саботата попладне околу 16.20 часот на раскрсницата од улица „Метрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „9-ти Мај“, џипот со скопски регистерски таблици удрил во пешак.
Со возило на итна медицинска помош, тинејџерот бил пренесен во Ургентниот центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди, па поради сериозноста бил пренесен на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување, КАРИЛ, каде за жал им подлегнал на повредите.
И возачот на џипот бил пренсен со возило на итна медицинска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде било констатирано дека доживеал „акутен стрес“.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


