Хрватска во секој момент може да ги блокира преговорите на Србија со ЕУ за членство, а дека е подготвена на ваков чекор најави и нејзиниот министер за правда Орсат Миљениќ. Според него, Загреб ќе го услови напредокот на Србија во преговорите со нови обвинувања и судења за воени злосторства.
– Условите на Хрватска може да се појават во секое време-при усвојувањето на скринингот или при отворање или затворање на некои поглавје, но своите барања таа мора да им ги објасни и на сите членки на ЕУ, вели Тања Мишчевиќ, шеф на преговарачкиот тим на Србија.
Спред директорката на Центарот за надворешна политика Александра Јоксимовиќ, предупредувањето од Загреб треба да се сфати сериозно бидејќи сигурно ќе има условување.
– Не мора да значи дека обвинувањата ќе бидат најтешка тема која ќе ја наметнат, тоа може да биде и прашањето за границите. Многу нешта ќе зависат од самата ЕУ, која и покрај правата на секоја членка да изнесува свои барања, може да каже: доста е од билатерални условувања!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)


