Видеото во кое момче од Сирија си ја спасува сестрата низ дожд од куршуми го обиколи светот по објавувањето на Јутјуб е лажна !!!
Норвешка филмска екипа признала дека го снимила со глумци и сириски бегалци што се наоѓаат на Малта. Ларс Клевберг, режисер од Осло, открил дека ги направил тие сцени врз основа на телевизиски снимки од судирите во Сирија и дека на тој начин сакал да привлече внимание кон големиот број деца што се наоѓаат во воената зона, oбјави „Дејли мејл“.

– Снимавме на Малта во мај, и тоа на локации што биле користени за некои познати филмови како „Троја„ и „Гладијатор„. Момчето и девојчето што се на снимката всушност се професионални глумци од Малта. Гласовите што се слушаат во заднината се на сириски бегалци што сега се на Малта. Го направив филмот и се преправавме дека е снимка од вистински настан за луѓето да го споделат со другите и да почувствуваат дека има надеж – рекол Клевберг.
Неговата филмска екипа добила дури и финансиска поддршка од Норвешкиот филмски институт за уметност за да го сними ова видео. Но тие ги отфрлаат сите обвинувања дека снимката е објавена на Интернет за да стигне на насловните страници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


