
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска го пуштија во употреба новиот објект за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во состав на ЈОУДГ „Росица“ во општина Ѓорче Петров.
Во своето обраќање пред присутните министерот Спасов рече дека градинката е реализација на проект кој е предизборно ветување на Владата на Република Македонија и за него министерството одвоило околу четири милиони денари.
– Владата на Република Македонија е насочена кон создавање на нови капацитети, нови детски градинки во сите општини во Македонија, а особено во руралните делови од државата. Со особен фокус сме насочени во општините во градот Скопје каде што побарувачката е многу поголема, каде родителите имаа желба да ги сместат своите деца во градинките а нема доволно капацитети и токму поради тоа ќе бидеме насочени кон создавање на нови објекти – истакна Спасов.
Тој најави отворање нов објект во општината, односно во населбата Волково за кој, подвлече, се уште се во прегорвори со сопствениците на објектот и дека многу лесно и брзо ќе се преадатптира во градинка.
Градоначалникот Митровски потсети дека општината заедно со Министерството за труд и социјална политика досега имаат реализирано повеќе вакви проекти, како што се градинката во населбата „Даме Груев“ со капацитет за 300 деца, како и други проширувања на градинки како клонови на постоечките.
– Денеска од еден руиниран објект, направивме градинка која е за респект и почитување со сите стандарди. Тоа што го нуди градинката претставува една од најмодерните и нјасовремените градинки во општината Ѓорче Петров – рече Митровски.
Во градинката која е со капацитет за 50 деца, има две занимални, просторија за негувателки како и кујна. Дворот е опремен со различни едукативни реквизити за деца од предучилишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)
-
Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка
-
Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка


