| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат премиерот на Абхазија, напаѓачите уапсени

бутба

Премиерот на Абхазија, Беслан Бутба, се здоби со телесни повреди откако синоќа е нападнат, а неговите напаѓачи се уапсени, изјави министерот за внатрешни работи Раул Лула.

Тој изјави дека автомобилот, во кој се наоѓал Бутба со семејството пресретнал едно возило, од кое излегле двајца мажи, го нападнале премиерот и му нанеле телесни повреди, по што побегнале.

Бутба во тој момент немал обезбедување.

Полицијата, по нападот, на контролниот пункт пресретнала возило во кое се наоѓале двајцата напаѓачи и една жена, и ги уапсила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top