| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Русија ќе остане изолирана ако продолжи како досега

обама

Претседателот на САД Барак Обама изјави денеска дека меѓународната заедница и натаму ќе ја изолира Русија, ако рускиот претседател Владимир Путин продолжи да го крши меѓународното право и договорите за прекин на судирите во Украина.

– Санкциите што ги воведовме даваат прилично добри резултати. Ние имаме капацитет и нашите нови тимови постојано ги преиспитуваат механизмите со кои по потреба може да се изврши дополнителен притисок – рече Обама на самитот на Г-20 во Бризбејн.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека од самитот овој викенд до Русија е испратена јасна порака да престане да се меша во внатрешните прашања на Украина, или ќе уследат нови санкции.

– Мислам дека во врска со овој самит на Г-20 добро е што земји од ЕУ и САД и испратија јасна порака на Русија дека ќе пристапиме кон тоа во наредните месеци и години – рече Камерон на прес-конференција со Обама.

 САД, Австралија и Јапонија денеска се договорија да бараат од Русија да престане да се меша во внатрешните прашања на Украина и бараа правда за жртвите на малезискиот патнички авион, кој наводно го собориле проруски сили во источна Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top