Луксузниот Путинфоун, кој е достапен во две варијанти – титаниумска и златна, а на неговата позадина е изгравиран ликот на рускиот претседател Владимир Путин, може да го поседува секој оној што има да одвои 3.600 долари.
Брендот Кавиар во јуни оваа година ја претстави првата колекција од апаратот Путинфоун, кој се заснова на Ајфон 5, по цена од 4.350 долари. Сите 144 примероци биле продадени за само неколку дена.
Јувелирницата планирала да направи 299 златни и титаниумски телефони во втората колекција, заснована на Ајфон 6 и Ајфон 6 Плус.
Меѓутоа, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков бил против употребата на ликот на рускиот претседател на телефоните. Поради тоа апаратот Путинфоун го има се помалку, бидејќи компанијата поради изјавата на Песков го прекинала производството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст