| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Србија нема да наложува санкции на Русија, но ќе го следи европскиот пат

Српскиот премиер Александар Вучиќ повтори денеска дека Србија нема да наложува санкции на Русија.

– Србија има Влада која самостојно донесува одлуки во согласност со интересите на земјата, рече Вучиќ.

– Ние сме на европскиот пат, но политиката на Србија не се промени ненадејно, истакна Вучиќ во коментар на изјавата на новиот еврокомесар за проширување Јоханес Хан.

Еврокомесарот ја повика вчера Србија да ја усогласи својата политика со европската и да воведе санкции против Русија.
На 20 ноември Јоханес Хан ќе пристигне во прва посета на Србија. Во пресрет на посетата Хан во Брисел изјави дека го разбира фактот оти „Србија има своја историја и односи со Русија, но во одреден момент треба да ја усогласи својата политика, во согласност со надворешната политика и одлуките на ЕУ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top