| четврток, 6 декември 2018 |

Киев ги распушти своите власти на истокот на Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко нареди денеска укинување на сите јавни служби во регионите на истокот на земјата кои се под контрола на проруските сепаратисти.

Порошенко со декрет нареди на владата да ги преземе сите неопходни мерки за да се прекинат активностите „на претпријатијата, установите и државните организации во регионите каде во тек е антитерористичка операција“.

Одлуката се однесува и на училиштата, болниците и службите за безбедност, појасни неименуван извор.

Распуштањето на официјалните власти е последица на непризнаените избори кои на 2 ноември ги одржаа проруските сепаратисти во делови на источна Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top