| четврток, 6 декември 2018 |

Меси, Адријано, Боатенг, Јувентус… заштитни знаци на фудбалскиот ноември

Лионел Меси и Луиз Адријано го одбележаа почетокот на ноември со рекорди и голови, а фантастични остварувања во единаесеттиот месец од годината забележаа и Јувентус, Џером Боатенг и Себастијан Ларсон во Премиер лига. Ви ги претставуваме резултатите и остварувањата во ноември шро ќе се паметат.

23.000 голови е границата што е надмината во престижната англиска Премиерлига, а честа да се впише во историјата ја имаше Себастијан Ларсон со прекрасен гол од слободен удар за Сандерленд против Евертон.

Larsson

71 погодок има Лионел Меси во Лигата на шампионите со што се израмни со легендарниот шпиц на Реал Мадрид, Раул Гонзалес. Меси двапати ја погоди мрежата на Ајакс и го стаса Раул, а трката е возбудлива, бидејќи веднаш зад водечкото дуо е Кристијано Роналдо со 70 погодоци.

mesi

50 натпревари во серија без пораз во дресот на Баерн Минхен е Џером Боатенг. Дефанзивецот на Баварците последен пат го почуствувал горчливиот вкус на несупехот пред две години против Баер Леверкузен. Оттогаш кога тој бил на теренот, Баерн не губел, што е биланс за респект.

boateng

8 гола на два меча против ист противник, во кус рок од петнаесетина дена постигна бразилскиот ас Луиз Адријано. Неверојатен подвиг во реномирано натпреварување какво што е Лигата на шампионите. Напаѓачот на Шахтар Донецк едноставно блескаше против Бате Борисов со 5 гола на првиот дуел во Белорусија и со нов хет-трик на домашен терен. Ако се дополни статистиката со една асистенција, јасно е за каков ефект се работи. Адријано стана само четвртиот играч во историјата на ЛШ со два хет-трика и првиот фудбалер што тоа го сторил во два меча едноподруго.

luiz

7 Јувентус, нула Парма  е исходот на дуелот на старите познаници во Серија А. Старата дама од Торино ја растури Парма, екипа што го доживеа најтешкиот пораз во клупската историја. Со 7-0 никој досега не ја победил Парма, а тимот никогаш не примил повеќе од пет погодоци во калчото

Empoli vs Juventus

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top