Членовите и симпатизерите на Српската радикална партија на плоштадот Република во Белград го одбележуваат враќањето на лидерот Воислав Шешељ од Трибуналот во Хаг со знамиња на партијата и транспаренти.
На централниот градски плоштад, радикалите со препознатлив колорит, со маици со ликот на Шешељ и со четнички песни го слушаат говоорот на нивниот лидер.
-Како што ветив пред 12 години, ќе го растурам Хашкиот трибунал. Сега дојдов да ви поднесам извештај. Го оставив таму ранетиот ѕвер да крвари, но таму се уште има наши луѓе, им се суди зашто се Срби- изјави Шешељ на митингот.
Според него, во Хаг им се суди на српски генерали и офицери кои ја бранеле татковината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митингот на ВМРО ДПМНЕ во светските медиуми, „Вашингтон пост“ напиша: Протестот е почеток на крајот
-
Шешељ нема да оди во затвор: Судот во Хаг го осуди на 10 години затвор, кои веќе ги одлежа
-
Денеска церемонија на затворање на Хашкиот трибунал
-
Хашкиот трибунал престанува со работа: Почна битката за 10 милиони документи




