Народната банка на Република Македонија ја прифати информацијата за идејното решение на новите книжни пари од 200 и 2000 денари и ги задолжи стручните служби да ги преземат сите активности неопходни за нивното печатење.
Носечки мотив на предната страна на банкнотата од 200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41. Давидов псалм, кој= им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Република Македонија. На истата страна во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на 7 век. На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената џамија“ во Тетово и надополнет со флорални елементи од познатата „Исак-џамија“ во Битола.
Носечки мотив на предната страна на банкнотата од 2.000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско поле. На истата страна во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка, кој е откриен во Сува Река, Гевгелија. На задната страна на банкнотата е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, кој потекнува од 16 век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






