| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара Тодевска: Имам докази за местењето, сакам да се обелодени вистината

Пејачката Тамара Тодевска и една од учесничките на овогодинашниот Скопски фестивал, во врска со полициската акција за измама со телегласањето за Скопскиот фестивал вели дека вакво нешто се случувало и во минатото, и на фестивалот Макфест, на Скопски фестивал, на Валандово фест…

– Само сакам да се дознае за ова и тие луѓе да бидат казнети. Имам докази и ќе ги покажам на надлежните институции. Вакво нешто се случувало и во минатото – изјави вчера пејачката Тамара Тодевска за „Сител“.

– Единствена причина заради која разговарам со вас е тоа што сакам да ја дознаам вистината, дали сум била загрозена оваа или години наназад на разни фестивали, кога секогаш сум морален победник, и сум била втора… Ова е црна дамка за еден од најреномираните фестивали – Скопскиот фестивал – изјави Тамара.

– Таа да ја наречам криминална група би сакала да се казни како што заслужува, и да се обелодени вистината, бидејќи мене вистината ми е најбитна, дали сум била јас лани прва, и дали сум била оштетена па сум била втора, не зборувам за паричната награда, зборувам за мене како уметник, ние не работиме за пари, тие пари кои ги добиваме за наградите не се единствени заради коишто работиме, ние работиме цела година – изјави Тамара за „Сител“.

Тамара додаде дека кога ќе се дознае вистината, таа ќе излезе со доказите што ги има.

Таа го освои второто место на Скопскиот фестивал и 15.000 евра. Тамара доби 12 поени од жирито и 8 поени од гласањето на публиката – вкупно 20 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top