| четврток, 6 декември 2018 |

Што се знае за нападот на Милан Беко?

Српскиот бизнисмен Милан Беко е тешко ранет вчера пред својата куќа во елитната белгардска населба Сењак, извршена му е операција, но повредите се опасни по живот. Напаѓачот побегнал, а официјални информации нема многу, пишуваат српските медиуми.

milan-beko-foto-marina-lopicic-1368606913-310571

Од српската полиција утринава изјавиле дека во корист на истрагата не се во можност да дадат повеќе информации за случајот, додека јавноста за здравствената состојба на Милан Беко ќе биде запознаена околу 10 часот.

Нападот е извршен околу 17 – 17 и 30 часот пред неговата куќа кога бизнисменот се враќал од работа. Напаѓачот се скривал во блискиот џбун, а потоа побегнал во непознат правец.

Полицијата верува дека сторителот имал помагач кој го чекал или во автомобил за бегство или во близина на куќата или пак чувал стража, а напаѓачот одблиску испукал пет-шест куршуми од кој неофицијално, два го погодиле стомакот на Беко, а еден завршил во неговите гради. Останатите завршиле во автомобилот. Медиумите тврдат дека напаѓачот ги избегнал сигурносните камери.

462583_milan-beko-beta-ap_f

Се верува дека возачот му го спасил животот на Беко, бидејчи го вовлекол во во возилото, нагло се вратил во рикверц и така го тргнал од линијата на огнот.

Беко нема обезбедување и само неговиот возач бил со него.

Во текот на целата ноќ имало засилено полициско обезбедување низ градот кое ги контролирало возилата на патиштата, а околу 300 полицијаци се ангажирани за расветлување на случајот. Лекарите соопштиле дека после операцијата Беко е во стабилна состојба, но се уште е во ѓивотна опасност.

Адвокатот Божо Прелевиќ за Б92 изјавил дека мотив може да бидат парите или тоа што „Беко за некого би можел да биде незгоден сведок“.

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top