
Автомобил бомба експлодира денеска на еден прометен пазар во Багдад, Во експлозијата загинаа 15 лица, а 34 беа ранети, соопштија болнички извори.
Заедно со овој напад, бројот на жртвите при денешните четири експлозии на бомби во Багдад и околината се искачи на 34 лица.
При нападите се повредени 80 лица.
До сега никој не презеде одговорност, но се претпоставува дека тие се дело на сунитските милитантни групи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


