| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Мејџор: Шансите Велика Британија да остане во ЕУ се 50-50

John Major

Поранешниот британски премиер Џон Мејџор во Берлин изјави дека шансите Велика Британија да остане членка на ЕУ се 50-50.

Според Мејџор, „малечкиот британски остров не може да ги апсорбира сегашните и планираните бројки на имигранти од земјите на ЕУ“. Тој смета дека тоа не е ниту физички, ниту политички можно, без соочување со „значително јавно незадоволство“.


Во Берлин, Мејџор зборуваше пред членовите на фондацијата „Конрад Аденауер“, нагласувајќи дека противењето на ваквите состојби во британската јавност веќе ја достигнало критичната маса, па затоа сега веќе е сосема реална опасноста од заминувањето на Велика Британија од Унијата.

– Британската фрустрација (од ЕУ) не е никаква игра, па затоа европските функционери треба да ја прифатат реалната загриженост на Британците околу имиграцијата, рече Мејџор во предавањето под наслов „Обединетото Кралство и ЕУ – останување или заминување“.

Поранешниот конзервативен британски премиер, кој додека беше во „Даунинг стрит“ 10 во перидот меѓу 1990 и 1997 година, важеше за проевропски определен, сега открива дека во Англија каде живеат 85 отсто од Британците, отпорот кон ЕУ постојано расте. Мејџор предупредува дека тој веќе ја достигнува критичната точка, а тоа значи дека гласачите, кои во овој дел од Велика Британија се повеќето проконзервативно определени, би можеле да гласаат за напуштање на Унијата по повеќе од 40 години членство.

Официјален Берлин е близу до британските позиции околу блокирање на социјалните бенефиции за европските имигранти, но се противи на заложбите на премиерот Дејвид Камерон за квоти и ограничување на движењето на работната сила од земјите на ЕУ.

Џон Мејџор во своето предавање ги уверуваше Германците дека Велика Британија не е против слободата во движењето, но оцени дека додека притисокот од имигрантите е висок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top