| четврток, 6 декември 2018 |

Јован Јованов нема да добие кривична – место него ќе одговара пејачот Елвир Меќиќ

elvir sega

Јован Јован е изземен од кривичната пријава која МВР ја поднесе против четири лица за учество во скандалот со местењето на Скопскиот Фестивал.  Наместо Јованов, во кривичната пријава е опфатен пејачот Елвир Меќиќ. Тој заедно со Кристијан Стефановски неговиот брат Игор од продукцијата План Б и сопственикот на фирмата Видекс, Борис Видески, која го организираше телевоутингот ќе одговараат за злосторничко здружување и компјутерска измама.

Обвинителот барал Јованов да се изземе од пријавата бидјеќи не е во Македонија и за да може постапката да почне побрзо. Дали и тој ќе одговара кривично ќе се знае по негово враќање во земјава кога ќе биде повикан во полицијата.

Скандалот изби вчера по скопскиот фестивал на кој победи Даниел Кајмакоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top