Телевизиската мрежа „Скај“ објави дека по пет години Роберто Манчини се враќа на клупата на Интер. Преговорите се во завршна фаза и Манчини би требало да го преземе Интер пред дербито со Милан, кое ќе се игра по девет дена. На Валтер Мацари, наводно, му било соопштено дека може да се пакува, што за него е прв отказ во кариерата.
Одлуката за забрзување на промената на клупата на Интер е донесена во последните 24 часа, а неофицијално удел во тоа имал поранешниот претсетадел на Интер, Масимо Морати, кој го условил давањето на својот дел во докапитализацијата на клубот со промена на тренерското место.
„Скај“ тврди дека сѐ е договорено со Манчини и дека тој ќе потпише договор за оваа и за следните две години. Финансиските детали не се објавени, а се шпекулира дека неговата годишна плата ќе биде како таа на Мацари, во висина од 3,5 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


