Демант за каква било вмешаност во аферата со местење гласови за победа на „Скопски фестивал“ стигна и од тимот на победникот Даниел Кајмакоски.
– Драги фанови, пријатели, медиуми, навистина ни е жал што името на Даниел и неговиот успех на „Скопски фестивал“ се споменуваат во аферата за наместени гласови од група луѓе, со кои Даниел и целиот наш тим немаат никаков контакт. Ја поздравуваме акцијата на МВР и очекуваме да се објават сите детали поврзани со овој скандал. Воедно ви заблагодаруваме на сите кои безусловно ни ја давате вашата љубов и поддршка, тоа било и секогаш ќе биде единствениот мотив кој ќе нѐ води напред во овој свет – велат од тимот на Кајмакоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


