| четврток, 6 декември 2018 |

Прва воена вежба на Србија и на Русија

Припадници на српската армија и на вооружените сили на Руската Федерација денеска на полигонот во Никинци почнаа заедничка воена вежба „Срем 2014“.

Во воената вежба учествуваа вкупно 404 припадници на двете армии. Вежбата е посветена на елиминирање терористи и ослободување заложници.

Во вежбата учествуваат и авионите „иљушин-76“, „МИГ-29“, хеликоптерите „МИ-8“, „МИ-17“, „газела“, како и воени и полициски оклопни возила. За време на вежбата ќе се користи боева муниција.

Тоа е прва заедничка воена вежба на Србија и на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top