Раст од 0,2 проценти постигна еврозоната за третиот квартал на 2014 година. Денес се објавени првичните податоци за развојот на економиите на 18-те државни од Европската унија кои користат заедничката валута, за периодот јуни-септември оваа година.
Информациите покажува дека економиите на Франција и на Германија бележат раст, а грчката покажала знаци на закрепнување. Експерти, цитирани од американската агенција Блумберг, очекувале растот во третиот квартал во еврозоната да биде 0,1 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



