| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовски затвореник нападнал две жени

makedonska-policijaТетовската полиција го привеla 37-годишниот Ш.Ш. од село Нераште како осомничен за две разбојништва кои се обидел да ги изврши во текот на вчерашниот ден. според полицијата тој синоќа околу 21 часот со синџир ја нападнал 60-годишната У.С. пред влезот на нејзиниот двор на улицата „Иво Лола Рибар“. Почнал да ја удира по рацете и телото за да и ја земе чантата, но таа му се спротиставила и почнала да вика помош.

-Кога разбојникот успеал да и ја одземе чантата, дошол нејзиниот сосед П.М. (29). Тој, пак, ја одзел чантата од Ш.Ш. и избегал во непознат правец. Нешто подоцна, околу 22 часот, Ш.Ш. влетал во аптеката „Бле медика“ на улицата „29 ноември“, ја нападнал и ја истуркал вработената Н.К.(46) од Тетово во помошната просторија каде немало камери со цел да ги одземе парите од касата. Таа успеала да го активира алармот па разбојникот бил совладан од обезбедувачи. Во неговите џебови биле пронајдени околу 15 илјади денари, а расфрални околу него имало уште 33 илјади денари – информираат од тетовската полиција.

Се работи за затвореник кој за време на викендите кога излегувал од затвор вршел повеќе кражби и разбојништва. Против него ќе биде поднесена пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top