Македонската радио-телевизија, како организатор на изборот за претставник на Македонија на „Евровизија“, го има правото да одбере кој ќе ја претставува пред Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
По полициската акција за разоткривање на нерегуларностите во гласањето на „Скопски фестивал“, јавниот сервис вчера ја поздрави преземената акција на Министерството за Внатрешни работи, со цел откривање и јавно обелоденување на сите нелегитимни дејства, организаирани од групи и поединци, кои се обидоа да фрлат сенка на фестивалот и долги години, истите или сличните манупилираат со крајните резултати на фестивалите низ земјата.
Од ЕБУ, како организатор на изборот за песна на „Евровизија“, велат дека се е во рацете на МРТ.
– Организирањето фестивал на кој се одбира национален претставник за „Евровизија“ е во рацете на националниот сервис што го организира настанот. Тие треба да одберат претставник и да ни го претстават нам на состанокот на делегациите кој ќе се одржи во март – изјави за порталот МКД Џармо Сим, одговорниот за комуникација со јавноста при Евровизија.
Од МРТ, пак, велат дека додека го чекаат крајниот резултат и детален извештај од Министерството за внатрешни работи, по однос на спроведената истрага, тие уште еднаш ќе направат анализа на телефонско гласање, по што дополнително ќе ја известат јавноста за своите идни постапки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.