| четврток, 6 декември 2018 |

Разликите меѓу истокот и западот на Германиjа присутни и денес

Спо­ред ед­но не­о­дам­неш­но­то истра­жу­ва­ње, 75 про­цен­ти од Гер­ман­ци­те што жи­ве­ат во источ­ни­от дел из­ја­ви­ле де­ка го сме­та­ат обе­ди­ну­ва­ње­то на сво­ја­та зем­ја за ус­пех, но са­мо ед­на по­ло­ви­на од за­пад­ни­те Гер­ман­ци се сог­ла­су­ва­ат со тоа. И тоа не е единс­тве­на­та раз­ли­ка што по­ка­жу­ва де­ка по­дел­ба­та на ми­на­то­то пре­ов­ла­ду­ва и де­нес

Мо­же да би­де те­шко за по­се­ти­те­ли­те на Бер­лин да за­мис­лат ка­де Бер­лин­ски­от ѕид не­ко­гаш ја де­ле­ше ко­му­ни­стич­ка Источ­на Гер­ма­ни­ја од За­пад­на. Де­нес, пат­ни­ци­те тр­ча­ат да фа­тат ме­тро на ме­сто­то ка­де што сто­е­ле во­зо­ви ре­чи­си 30 го­ди­ни. Се про­да­ва­ат кол­ба­си со ка­ри и се пра­ват не­ле­гал­ни (но по­пу­лар­ни) за­ба­ви во праз­ни­те ма­га­ци­ни, кои се на­о­ѓа­ат на са­мо не­кол­ку ме­три од ме­сто­то ка­де што источ­ни­те Гер­ман­ци би­ле стре­ла­ни од нив­ни­те со­на­род­ни­ци до­де­ка се оби­ду­ва­ле да ја пре­ми­нат гра­ни­ца­та на за­пад.

На 9 но­ем­ври Гер­ма­ни­ја ќе сла­ви 25-го­диш­ни­на од па­дот на Бер­лин­ски­от ѕид и на прв пог­лед се чи­ни де­ка зем­ја­та е по­о­бе­ди­не­та од не­кои на­ции што ни­ко­гаш не би­ле по­де­ле­ни.

Но, број­ки­те и сли­ки­те што илу­стри­ра­ат раз­ли­ка во на­чи­нот на жи­вот и проб­ле­ми­те ме­ѓу источ­ни­те и за­пад­ни­те Гер­ман­ци ка­жу­ва­ат дру­га при­каз­на. Спо­ред ед­но не­о­дам­неш­но истра­жу­ва­ње, 75 про­цен­ти од Гер­ман­ци­те што жи­ве­ат во источ­ни­от дел из­ја­ви­ле де­ка го сме­та­ат обе­ди­ну­ва­ње­то на сво­ја­та зем­ја за ус­пех, но са­мо ед­на по­ло­ви­на од за­пад­ни­те Гер­ман­ци се сог­ла­су­ва­ат со тоа. И тоа не е единс­тве­на­та раз­ли­ка што по­ка­жу­ва де­ка по­дел­ба­та на ми­на­то­то пре­ов­ла­ду­ва и де­нес.

Фо­то­гра­фи­ја­та по­го­ре е изра­бо­те­на од астро­на­у­тот Ан­дре Ки­перс од Ме­ѓу­на­род­на­та все­лен­ска ста­ни­ца во 2012 го­ди­на. Таа по­ка­жу­ва ед­на по­дел­ба на Бер­лин: Жол­ти све­тил­ки, кои при­па­ѓа­ат на источ­ни­от дел од Бер­лин, и зе­ле­ни на за­пад­ни­от дел.

Да­ни­е­ла Ау­ген­штајн, порт­па­рол­ка на Се­кто­рот за ур­ба­ни­зам во Бер­лин, об­јас­ни де­ка се­ко­ја стра­на исто­ри­ски ко­ри­сте­ла раз­лич­но улич­но освет­лу­ва­ње. Са­ми­те све­тил­ки по­ка­жу­ва­ат дру­га раз­ли­ка. Улич­ни­те све­тил­ки во За­пад­на Гер­ма­ни­ја би­ле мно­гу по­ве­ќе еко­ло­шки на­стро­е­ни отс­ли­ку­вај­ќи ја по­ја­ва­та на гра­ѓан­ско­то дви­же­ње за за­шти­та на жи­вот­на­та сре­ди­на во За­пад­на Гер­ма­ни­ја во 70-ти­те и во 80-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Во тоа вре­ме Источ­на Гер­ма­ни­ја има­ла го­лем проб­лем со за­га­де­но­ста на воз­ду­хот и во го­ле­ма ме­ра би­ла за­вис­на од јаг­лен. Де­нес, Источ­на Гер­ма­ни­ја е ср­це­то на об­нов­ли­ви­те из­во­ри на енер­ги­ја во зем­ја­та. Но, гле­да­но од все­ле­на­та, исто­ри­ски­те раз­ли­ки сѐ уште го де­фи­ни­ра­ат ноќ­ни­от изг­лед на Бер­лин.

По­да­то­ци­те по­ка­жу­ва­ат на­та­мош­ни по­дел­би ме­ѓу источ­ни­от и за­пад­ни­от дел на Гер­ма­ни­ја.

 

Приход на располагање

(2011)

Svet114-tbl1

По па­дот на Бер­лин­ски­от ѕид, по­ра­неш­ни­те ком­па­нии и фа­бри­ки од ко­му­ни­стич­ка Источ­на Гер­ма­ни­ја мо­раа да се нат­пре­ва­ру­ва­ат со по­ус­пеш­ни­те ко­ле­ги од за­пад­ни­от дел. Ка­пи­та­лиз­мот дој­де прем­но­гу бр­зо. Мно­гу источ­ни гер­ман­ски ком­па­нии бан­кро­ти­раа и не­кои ре­ги­о­ни ни­ко­гаш не за­креп­наа од шо­кот. Ду­ри и де­нес, ни­во­а­та на при­хо­ди се мно­гу по­ни­ски во источ­ни­от дел откол­ку во за­пад­ни­от.

 

Стапка на невработеност

(2013)

Svet114-tbl2

Стап­ка­та на не­вра­бо­те­ност во Гер­ма­ни­ја ле­то­ска стиг­на до мно­гу нас­лов­ни стра­ни­ци ко­га се нај­де на нај­ни­ско­то ни­во во пос­лед­ни­те две де­це­нии. Но, стап­ка­та не се ши­ри рам­но­мер­но: по­кра­и­ни­те на по­ра­неш­на За­пад­на Гер­ма­ни­ја сѐ уште има­ат мно­гу по­до­бро ни­во на вра­бо­те­ност од нив­ни­те источ­ни со­се­ди. Тоа е де­лум­но та­ка по­ра­ди тоа што мно­гу мла­ди лу­ѓе се пре­се­ли­ја од ру­рал­ни­те источ­ни об­ла­сти на за­пад, што, исто та­ка, го на­ма­ли бро­јот на не­вра­бо­те­ни ли­ца во Источ­на Гер­ма­ни­ја.

 

Тоа, пак, во­ди кон ед­на па­ра­до­ксал­на си­ту­а­ци­ја: Мно­гу мла­ди лу­ѓе од ру­рал­ни­те об­ла­сти на по­ра­неш­на Источ­на Гер­ма­ни­ја ве­лат де­ка се при­ну­де­ни да се пре­се­лат во за­пад­ни­те об­ла­сти или во по­го­ле­ми источ­ни гра­до­ви по­ра­ди не­до­стиг од кон­ку­рент­ни пла­ти и ра­бот­ни ме­ста. Ка­ко ре­зул­тат на тоа, мно­гу гер­ман­ски ком­па­нии од источ­ни­от дел на зем­ја­та не мо­жат да нај­дат до­вол­но мла­ди пра­кти­кан­ти, кои би ги вра­бо­ти­ле ка­ко по­чет­ни­ци, па ги ба­ра­ат во Пол­ска или Че­шка.

 

Демографија

(2011)

Svet114-tbl3

Де­мо­граф­ски раз­ли­ки не се са­мо ре­зул­тат на не­вра­бо­те­ностa и на раз­ли­ка­та во при­хо­ди­те. По­ве­ќе­то стран­ци што жи­ве­ат во Гер­ма­ни­ја од­бра­ле да се на­се­лат во за­пад­ни­те об­ла­сти, а нив­но­то при­стиг­ну­ва­ње ја на­ма­ли про­сеч­на­та во­зраст. Не­кол­ку фа­кто­ри по­ка­жу­ва­ат де­ка стран­ско­то на­се­ле­ние во источ­ни­те об­ла­сти е зна­чи­тел­но по­ма­ло. Пред па­дот на Бер­лин­ски­от ѕид, За­пад­на Гер­ма­ни­ја по­ка­ни го­лем број Тур­ци да жи­ве­ат во зем­ја­та ка­ко га­стар­бај­те­ри. Мно­гу од нив ни­ко­гаш не ја на­пу­шти­ја зем­ја­та.

 

Странци

(2011)

Svet114-tbl4

Спо­ред ед­на сту­ди­ја на Уни­вер­зи­те­тот во Лајп­циг, ко­ја има ан­ке­ти­ра­но 16.000 Гер­ман­ци во пер­и­од од 10 го­ди­ни, кли­ма­те е по­мал­ку при­ја­тел­ски на­стро­е­на кон стран­ци­те во источ­ни­от дел. Тие соз­на­ни­ја се сов­па­ѓа­ат со по­го­ле­мо­то при­сус­тво на не­о­на­ци­стич­ки сим­па­ти­зе­ри со дес­ни­чар­ски пог­ле­ди. Гер­ман­ска­та дес­ни­чар­ска На­ци­о­нал­на де­мо­крат­ска пар­ти­ја, чи­и­што чле­но­ви че­сто се об­ви­ну­ва­ат за ве­ли­ча­ње на Адолф Хит­лер, ужи­ва осо­бе­на под­др­шка на исток, иа­ко тие беа ре­ла­тив­но не­ус­пеш­ни на из­бо­ри­те.

 

Популарност на десничарски екстремистички партии

(2013)

Svet114-tbl5

Зо­што дес­ни­чар­ски­те по­ли­ти­ча­ри на­пре­ду­ва­ат во не­ко­гаш­ни­от ко­му­ни­стич­ки исто­чен дел? Об­јас­ну­ва­ње­то е комп­лекс­но, но на­уч­ни­ци­те че­сто тоа ѝ го при­пи­шу­ва­ат на ком­би­на­ци­ја­та од ан­ти­ле­ви­чар­ски пог­ле­ди на све­тот по па­дот на ѕи­дот и на еко­ном­ска­та кри­за на исток. Мно­гу лу­ѓе беа раз­о­ча­ра­ни од за­пад­ни­от ка­пи­та­ли­зам, но мал­ку­ми­на са­ка­ат вра­ќа­ње на ко­му­низ­мот. Дес­ни­чар­ски­те по­ли­ти­ча­ри бр­зо ја по­пол­ни­ја праз­ни­на­та.

 

Процент на грижа на деца на возраст од 0-2 години

(2013)

Svet114-tbl6

Ко­му­ни­стич­ка Источ­на Гер­ма­ни­ја, исто та­ка, во­ди го­ле­ма гри­жа за де­ца­та. Мај­ки­те од источ­ни­от дел обич­но ра­бо­те­ле, до­де­ка же­ни­те од за­пад­ни­от дел че­сто оста­ну­ва­ле до­ма и се гри­же­ле за де­ца­та. Вла­да­та на Источ­на Гер­ма­ни­ја мно­гу ин­ве­сти­ра­ла во об­је­кти за гри­жа на де­ца­та и тоа нас­ледс­тво оста­ну­ва и де­нес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top