| четврток, 6 декември 2018 |

Кај дел од патарините, ќе се удвои бројот на сообраќајни ленти

patarina-gradsko-1

Модернизацијата на патарините, која треба да заврши за една и пол година, ќе значи поместување на наплатните рампи, но и зголемување на сообраќајните ленти на постојните наплатни станици, велат за „Република“ од Министерството за транспорт и врски. Кај дел од наплатните рампи бројот на сообраќајни летни ќе се удвои. Имено, на наплатната станица „Романовце“, од сегашните  пет, бројот на сообраќајни летни ќе се зголеми на 10. Од пет на 10 сообраќајни ленти ќе има и кај наплатната рампа Градско. Поради зголемувањето на бројот на ленти за наплата, како и поради изградбата на новиот експресен пат, Градско – Прилеп, се планира овие две наплатни станици да се дисплоцираат, односно поместат за неколку стотина метри.

Сообраќајните ленти на наплатните станици „Сопот“ и „Отовица“ од 4 ќе се зголемат на 5, а единствено кај наплатната станица „Петровец“ се планира бројот на сообраќајни летни да остане ист, односно 9.

Електронската наплата на патната такса ќе се извршува преку микробранови транспондери и со смарт-картички. Смарт-картичките  по можност ќе бидат припејд и постпејд, а истите ќе се продаваат во кабините на наплатните станици, за во втората фаза тие да се продаваат во сите малопродажни места, како што се бензиски станици и други места.

Електронскиот систем сам ќе врши категоризација на возилата, а целта на севкупната реконструкција и модернизација на наплатните рампи е избегнување на тесните грла на наплатните станици, нешто што вообишаено се јавуваше, посебно во летниот период кога има зголемен обем на проток на возила, посебно странски туристи, кои доаѓаат или транзитираат низ земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top