| четврток, 6 декември 2018 |

Успешното работење, репер и во групациjата и меѓу клиентите

Има не­до­стиг од ква­ли­фи­ку­ван ка­дар во одре­де­ни об­ла­сти, ка­ко авто­ма­ти­ка и хе­ми­ско ин­же­нерс­тво. Тоа го ре­шив­ме со вра­бо­ту­ва­ње лу­ѓе од дис­цип­ли­ни слич­ни на по­треб­ни­те, кои по­тоа по­ми­наа обем­ни вна­треш­ни и над­во­реш­ни обу­ки за да ги сов­ла­да­ат ве­шти­ни­те што се по­треб­ни за на­ши­те деј­но­сти. Ова до­се­га до­бро функ­ци­о­ни­ра и сме за­до­вол­ни од при­до­не­сот на вра­бо­те­ни­те Ма­ке­дон­ци. Си­те на­ши кли­ен­ти и по­се­ти­те­ли има­ат по­фал­ни збо­ро­ви за по­све­те­но­ста, пре­да­но­ста, за­ин­те­ре­си­ра­но­ста и за зна­е­ње­то на на­ши­от тим, ве­ли ге­не­рал­ни­от ди­ре­ктор на „Џон­сон Ме­ти“ во Ма­ке­до­ни­ја, Џа­тин Тхар­кар

„Џон­сон Ме­ти“ e фа­бри­ка за про­из­водс­тво на авто­ка­та­ли­за­то­ри, ко­ја со ра­бо­та во Ма­ке­до­ни­ја поч­на во 2010 го­ди­на. Има по­го­ни за ка­та­ли­за­то­ри уште во 12 зем­ји, од Ар­ген­ти­на пре­ку Со­е­ди­не­ти­те Аме­ри­кан­ски Др­жа­ви и Обе­ди­не­то­то Кралс­тво до Ја­по­ни­ја, а ра­бо­ти и во хе­ми­ска­та ин­ду­стри­ја и во ин­ду­стри­ја­та за бла­го­род­ни ме­та­ли. Це­ла­та кор­по­ра­ци­ја вра­бо­ту­ва по­ве­ќе од 12.000 лу­ѓе во 30 др­жа­ви. Нај­го­ле­ма, нај­ре­пре­зен­та­тив­на и нај­ус­пеш­на во це­ла­та гру­па­ци­ја, ка­ко што оце­ну­ва­ат неј­зи­ни­те пр­ви лу­ѓе, е ток­му фа­бри­ка­та во Ма­ке­до­ни­ја, со ре­зул­та­ти од ра­бо­те­ње­то што ги над­ми­наа си­те пла­ни­ра­ни оче­ку­ва­ња. Спо­ред де­лов­ни­от план на ком­па­ни­ја­та, са­мо од овие по­го­ни го­ди­на­ва из­во­зот тре­ба да до­стиг­не 800 ми­ли­о­ни евра, а в го­ди­на да над­ми­не ед­на ми­ли­јар­да. Таа е единс­тве­на ком­па­ни­ја од Ма­ке­до­ни­ја што е ран­ги­ра­на ме­ѓу пр­ви­те 100 нај­го­ле­ми ком­па­нии во Ју­го­и­сточ­на Евро­па во 2013 го­ди­на во истра­жу­ва­ње­то „Топ 100 ЈИЕ“ ре­а­ли­зи­ра­но од бу­гар­ска­та аген­ци­ја „ЈИЕ њус“ од Со­фи­ја. „Џон­сон Ме­ти“ ве­ќе ги про­ши­ри ка­па­ци­те­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја. До­да­де уште две про­из­вод­ни ли­нии од кои пр­ва­та е це­лос­но ста­ве­на во функ­ци­ја, а вто­ра­та е пред са­ми­от крај на ре­а­ли­за­ци­ја. Со тоа се пла­ни­ра бро­јот на вра­бо­те­ни од се­гаш­ни­те 540 да се иска­чи на 650. При­чи­на­та зо­што до­пол­ни­тел­но се ин­ве­сти­ра, спо­ред ме­на­џе­ри­те, е од­лич­на­та де­лов­на кли­ма во Ма­ке­до­ни­ја. Ком­па­ни­ја­та ве­ќе има пла­но­ви за на­та­мош­но ши­ре­ње на про­из­водс­тво­то, но тоа, се­пак, ќе за­ви­си од со­стој­ба­та на авто­мо­бил­ски­от па­зар, ка­ко и од во­ве­ду­ва­ње­то по­стро­ги европ­ски ре­гу­ла­ти­ви за при­ме­на на по­со­вре­ме­ни ка­та­ли­за­то­ри. За се­гаш­ни­те, но и ид­ни пла­но­ви на фа­бри­ка­та раз­го­ва­ра­ме со ге­не­рал­ни­от ди­ре­ктор на Џон­сон Ме­ти во Ма­ке­до­ни­ја, Џа­тин Тхар­кар.

 

Ekonomija114-Dzatin-Tharkar-2

 

Ка­ко се ре­ши­вте да ин­ве­сти­ра­те ток­му во Ма­ке­до­ни­ја?
Тхар­кар: Во 2006 го­ди­на пла­ни­рав­ме отво­ра­ње фа­бри­ка во источ­ни­от ре­ги­он. Разг­ле­ду­вав­ме раз­ни зем­ји, ме­ѓу кои и Ма­ке­до­ни­ја. Ре­зул­та­ти­те од на­ши­те пр­вич­ни истра­жу­ва­ња и по­зи­тив­ни­те од­го­во­ри од ма­ке­дон­ски­те вла­ди­ни аген­ции беа ва­жен фа­ктор при до­не­су­ва­ње­то од­лу­ка за ин­ве­сти­ра­ње. Бли­зи­на­та на ТИРЗ до Скоп­је и до ае­ро­дро­мот и до­стап­но­ста на го­ле­ма по­вр­ши­на зем­ји­ште во ин­ду­стри­ска­та зо­на, пак, беа ме­ѓу клуч­ни­те фа­кто­ри за од­лу­ка­та за ин­ве­сти­ра­ње­то ов­де. Ви­ктор Ми­зо, „Ин­ве­сти­рај во Ма­ке­до­ни­ја“ и дру­ги аген­ции за­до­во­ли­тел­но од­го­ва­раа на си­те на­ши пра­ша­ња.

 

Кол­ку вра­бо­те­ни има­те и да­ли на­ско­ро пла­ни­ра­те нив­но зго­ле­му­ва­ње?
Тхар­кар: Мо­мент­но има­ме 550 вра­бо­те­ни, а оче­ку­ва­ме зго­ле­му­ва­ње со по­ра­стот на актив­но­сти­те во рам­ки­те на вто­ра­та ин­ве­сти­ци­ја.

 

Да­ли др­жа­ва­та рас­по­ла­га со по­треб­ни­от ква­ли­фи­ку­ван ка­дар за ра­бо­та во фа­бри­ки­те?
Тхар­кар: Има не­до­стиг во одре­де­ни об­ла­сти, ка­ко авто­ма­ти­ка и хе­ми­ско ин­же­нерс­тво. Тоа го ре­шив­ме со вра­бо­ту­ва­ње лу­ѓе од дис­цип­ли­ни слич­ни на по­треб­ни­те, кои по­тоа по­ми­наа обем­ни вна­треш­ни и над­во­реш­ни обу­ки за да ги сов­ла­да­ат ве­шти­ни­те што се по­треб­ни за на­ши­те деј­но­сти. Ова до­се­га функ­ци­о­ни­ра до­бро и сме за­до­вол­ни од при­до­не­сот на вра­бо­те­ни­те Ма­ке­дон­ци. Си­те на­ши кли­ен­ти и по­се­ти­те­ли има­ат по­фал­ни збо­ро­ви за по­све­те­но­ста, пре­да­но­ста, за­ин­те­ре­си­ра­но­ста и зна­е­ње­то на на­ши­от тим.

 

Ekonomija114-Dzatin-Tharkar-3

 

Да­ли сте за­до­вол­ни од ус­ло­ви­те за ра­бо­те­ње во др­жа­ва­та?
Тхар­кар: До­се­га сме за­до­вол­ни со ус­ло­ви­те за ра­бо­те­ње во Ма­ке­до­ни­ја. На­ши­от биз­нис е мно­гу ус­пе­шен и прет­ста­ву­ва ре­пер и во на­ша­та гру­па­ци­ја, и ме­ѓу кли­ен­ти­те. Тоа е го­ле­мо до­стиг­ну­ва­ње за си­те што беа дел од ин­ве­сти­ци­ја­та, вклу­чу­вај­ќи ги и на­ши­те вра­бо­те­ни и по­сто­ја­на­та под­др­шка од вла­ди­ни­те аген­ции. Ме­ѓу­тоа, има про­стор за по­до­бру­ва­ње, по­себ­но во про­це­ду­рал­ни­те ба­ра­ња во не­кол­ку об­ла­сти, кои би мо­же­ле да се по­ед­но­ста­ват за уште по­до­бра де­лов­на кли­ма.

 

Ка­ко ус­пе­а­вте да ја пре­бро­ди­те еко­ном­ска­та кри­за?
Тхар­кар: Еко­ном­ска­та кри­за од 2008 го­ди­на вли­ја­е­ше и на на­ши­от биз­нис, а ток­му то­гаш ја поч­нав­ме ин­ве­сти­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја. И по­крај бав­но­то тем­по на биз­ни­сот, „Џон­сон Ме­ти“ про­дол­жи со ин­ве­сти­ци­ја­та. На­ши­от биз­нис за­ви­си од про­даж­ба­та на во­зи­ла во Евро­па, што опад­на за вре­ме на кри­за­та. Ме­ѓу­тоа, пре­зе­ме­ни­те че­ко­ри на мно­гу европ­ски вла­ди и по­ра­стот во Ази­ја ја кре­наа на но­зе про­даж­ба­та на авто­мо­би­ли, па та­ка бр­зо се по­вра­тив­ме.

 

Да­ли пла­ни­ра­те ши­ре­ње на ин­ве­сти­ци­ја­та?
Тхар­кар: Од­лу­ка­та за про­ши­ру­ва­ње на на­ши­те ка­па­ци­те­ти ја до­не­сов­ме во 2011 го­ди­на, со во­ве­ду­ва­ње­то на Евро 6 еко­ло­шки­те стан­дар­ди на ЕУ, кои вле­гу­ва­ат во си­ла во 2014 го­ди­на. Ин­ве­сти­ци­ја­та се со­стои од две но­ви ли­нии и ши­ре­ње во дру­ги об­ла­сти. Тоа ве­ќе е ос­тва­ре­но и функ­ци­о­ни­ра, а зго­ле­му­ва­ње­то е спо­ред по­ра­стот на про­даж­ба­та. Оче­ку­ва­ме целосен ка­па­ци­тет до 2017 го­ди­на.

 

Вие, пра­ктич­но, ја кре­на­вте ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја на но­зе, со ог­лед на тоа де­ка нај­го­лем дел од из­во­зот е ток­му од фа­бри­ки­те во Бу­нар­џик. Ка­ко гле­да­те на овие па­ра­ме­три и на по­ра­стот на БДП на Ма­ке­до­ни­ја, кој е ме­ѓу нај­го­ле­ми­те во Евро­па?
Тхар­кар: Тоа е до­бар знак за Ма­ке­до­ни­ја во смис­ла на водс­тво во из­во­зот и ве­ру­вам де­ка ќе би­де по­зи­тив­но за еко­но­ми­ја­та. Оче­ку­вам до­бро тем­по на по­раст на из­во­зот со при­ли­вот на но­ви стран­ски ди­рект­ни ин­ве­сти­ции во след­ни­те го­ди­ни, кои, исто та­ка, во го­ле­ма ме­ра би при­до­не­ле кон БДП. Ако ги спо­ре­ди­ме клуч­ни­те еко­ном­ски по­ка­за­те­ли, мо­же да се ви­ди де­ка Ма­ке­до­ни­ја е во мно­гу по­до­бра со­стој­ба од мно­гу европ­ски зем­ји со ни­зок по­раст и со го­лем долг.

 

Кои се Ва­ши­те пла­но­ви за во ид­ни­на?
Тхар­кар: Кра­тко­роч­но, пла­ни­ра­ме ма­кси­мал­на про­ду­ктив­ност на ка­па­ци­те­ти­те и се гри­жи­ме ши­ре­ње­то да би­де ус­пеш­но ка­ко и пр­ва­та ин­ве­сти­ци­ја. Вни­ма­тел­но ќе го наб­љу­ду­ва­ме рас­те­жот на про­даж­ба­та и ќе уви­ди­ме да­ли ќе има по­тре­ба за на­та­мош­но ши­ре­ње.

 

(Разговараше: Александрија Стевковска
Текст објавен во 114. број на неделникот „Република“, 7.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top