| четврток, 6 декември 2018 |

Имаат пари, но не и вкус: Најлошите венчаници на познатите жени

Венчавката е еден од ретките денови во животот на жената, кога ѝ е дозволено да биде сѐ по нејзино. Тоа посебно важи за венчаницата, по која би требало засекогаш да ве потсетува на тој момент. Тој посебен и специјален фустан, всушност, се одбира со месеци однапред и се пробува по минимум десет пати, но овие познати жени дефинитивно направиле погрешен избор кога станува збор за венчаницата.

СЕЛИН ДИОН

Селин Дион се омажи за музичкиот продуцент Рене Ангелија во 1994 година и тие го имаат еден од најстабилните бракови меѓу познатите. Меѓутоа, пејачката направила голема грешка кога одбирала венчаница, едноставно ова е премногу.

celine dion vencalen fustan

ЛЕДИ МЕРИ ЧАРТЕРИС

Манекенката се омажи пред две години и за најромантичниот ден во животот одбрала фустан со кој би се гордеела само Лејди Гага! Креацијата предизвикала големо внимание, што други и „Вог“ пишувал за ова. Меѓутоа, таа била задоволна со својот избор.

ledi meri charteris vencanica

ЛУСИЈАНА ЛОПИЛАТО

Канадскиот пејач Мајкл Бубле и аргетинската глумица Лусијана Лопилато имаа преубава венчавка во 2011 година. Меѓутоа, целиот впечаток го расипал фустанот на невестата, која била налик на торта на катови.

lusiana lopilato vencanica

МАРАЈА КЕРИ

Мараја Кери очигледно сакала да изгледа како Дизниева принцеза на венчавката со Томи Мотола во 1999 година. За жал, тоа не и успеално, нешто слично како Селин Дион, одбрала венчаница која едноставно е премногу.

maraja keri vencanica

КЕТИ ПРАЈС

Фустанот на Кети Прајс за овој совршен ден секако не е нешто што би се нарекло дека е пристојно за во црква. Со повеќе од изразено деколте и светки, Кети изгледа помалку непристојно, а и смешно во нападна розова венчаница.

keti prajs vencanica

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top