| четврток, 6 декември 2018 |

Границите се затвораат, милиони блокирани како бегалци во Сирија

zx450y250_2419245

Соседите на Сирија нагло почнале да го ограничуваат бројот на бегалците на кои им овозможуваат да влезат на нивна територија, и тоа прави милиони луѓе да бидат заробенини на крвавиот конфликт во нивната земјата, предупредуваат две од водечките светски хуманитарни агенции.

Во октомври по границите на Сирија поминале околу 18.500 лица, додека минатата година секој месец  бегале по над 150.000 лица. Според Норвешкиот совет за бегалци и Меѓународниот комитет за спас, има тотален колапс на солидарноста на меѓународната заедница. Повеќе од 3 милиони луѓе избегале од Сирија од избувнувањето на конфликтот во 2011 година, но милиони други се блокирани во земјата како внатрешни бегалци.

– Поради тоа, овие луѓе ниту можат да излезат од Сирија ниту добиваат соодветна помош – изјави Јан Егеланд, шеф на норвешката организација.

Според него, меѓународната заедница не помага доволно, а средства има само за половина од потребните за бегалците во државите што ги прифатиле, а тоа се најмногу соседните Либан, Јордан, Турција и Ирак.

Само во Либан, земја со население од 4,5 милиони луѓе, се околу една третина од бегалците, додека надвор од регионот се околу 50.000 лица или само 2% од сите што бегаат од војната. САД имаат примено 166 лица, Франција ветува да прифати 500, а Велика Британија неколку стотици, се вели во извештајот на двете организации.Тие повикуваат развиените земји да помогнат за да се спасат од реонот на конфликтот  најмалку 5% од сириските бегалци.

Во вторникот високиот комесаријат за бегалци на ОН соопшти дека му недостигаат 58,5 милиони долари за да ги подготви милионите сириски бегалци за зимата што доаѓа. Во некои делови на Сирија и на Ирак температурата веќе паднала до минус 16 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top