Викендот што е пред нас ќе ни донесе делумно подобрување на времето. Според Метеопро, сабота ќе понуди подобри метео услови за разлика од недела. Сабота почнува со топло утро, но, сепак, малку посвежо за разлика од петок. Минималната температура ќе има вредност во границите помеѓу 5°С и 10°С во поголем дел од котлините, додека на повисоките места таа ќе има вредност малку под 5°С.
В сабота не се очекуваат врнежи. Напротив, во текот на утрото ќе има мала до умерена облачност, но со тенденција за долги сончеви периоди во текот на денот.
Навечер се очекува ново наоблачување, а не се исклучува можноста за појава на локална котлинска магла во источниот регион.
Максималната температура ќе биде релативно висока и ќе достигне вредност околу 15°С во северниот и југозападниот крај. Малку потопло, до 18°С, ќе биде во југоисточниот регион.
В недела денот ќе започне со локална магла и ниска облачност, особено долж Повардарие и котлините во источниот дел од земјата. Наоблачување ќе има и во западниот дел од земјата, но во овој регион со можност и за слаби локални врнежи. Претежно облачното време ќе се задржи до крајот на денот.
И покрај облачноста, температурата ќе биде релативно висока, но не како во саботата.
Максималната температура ќе достигне вредност околу 13°С во северниот крај, а во котлините од југозападниот регион до 14°С. Jугоисточниот регион очекува максимални 17°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.