Сопственикот на продукцијата „План Б“, Кристијан Стефановски, ги демантира гласините дека помеѓу приведените на распит во полиција за местењето на „Скопски фестивал“ бил тој и неговиот брат Игор.
– Точно е, беше направена рутинска контрола поради лобирањето и поддршката што им ја давам на пејачите што ги застапувам. По направената рутинска контрола, ниту јас ниту мојот брат Игор Стефановски сме приведени на разговор или задржани во полициска станица. Со оваа изјава би сакал да им ставам крај на сите шпекулации што се врзуваат за името на продукцијата „План Б “ – напиша Стафановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.