Северна Кореја поради новите санкции на ОН ги раскина сите договори за примирје со Јужна Кореја, како и директната телефонска линија за вонредни ситуации. Пјонгјанг повторно се закани со нуклеарна војна, а неговиот најголем сојузник Кина повика на смирување на тензиите, јави Би-Би-Си.
Во соопштението од Пјонгјанг се вели дека сите договори, како и примирјето постигнато меѓу двете земји во 1953 година по Корејската војна, ќе престанат да важат од понеделник и дека телефонската линија се укинува веднаш. Линијата првпат е воспоставена во 1971 година, а Пјонгјанг досега ја прекинуваше пет пати, последен пат во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит


