| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ му пеел на Рама на увце!

Шефот на српската дипломатија и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, на неформалната вечера со албанскиот премиер Еди Рама, организирана по повод неговата посета на Белград, се обидел да ја „омекне“ напнатата атмосфера која настана поради провокацијата на Рама за независноста на Косово, пишува српски „Курир“.

Дачиќ, како што дознава српски „Курир“, му ја отпеал на Рама наполитанската шансона „О соле мио“.

– Ако пеењето на една песна може да ги намали тензиите, тоа е најмалку што можам да направам за својата земја – рекол Дачиќ.

На вечерата присуствувале највисоки членови на српската и на албанската делегација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top