| четврток, 6 декември 2018 |

ИД и Ал Каеда договориле заедничка борба?

Претставници на екстремистичката група Исламска држава и терористичката организација Ал Каеда имале средба во Сирија, каде што се договориле да престанат да се борат едни против други и заеднички да им се спротивстават на противниците, соопштиле вчера извори од сириската опозиција.

Состанокот се одржал во тајност пред две недели, а било договорено да престанат нивните меѓусебни судири и  заеднички да соработуваат на терен во борбата против курдските борци на северот од Србија.

Американските аналитичари сметаат дека ваквото здружување би влијаело негативно на стратегијата на Вашингтон против ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top