| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон ѝ се заканува на Русија со нови санкции

0000245279-article2

Активностите на Русија во Источна Украина, може да ѝ донесат нови санкции од САД и Европската унија, предупредува британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Сè уште се надевам дека Русите ќе го послушаат гласот на здравиот разум и ќе признаат дека треба да ѝ дозволат на Украина да се развива како независна и слободна земја, со право на слободен избор – рекол Камерон на прес-конференција во Канбера, јавува „Ројтерс“.

Ако Русија прифати позитивен и одговорен пристап кон слободата на Украина, овие санкции би можеле да бидат откажани, а ако Русија продолжува да ги влошува работите, тогаш санкциите може да се зголемат, толку е едноставно – појаснил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top